„Докторот“ заминува во пензија: Последниот круг на легендата Роси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера Валентино Роси ја возеше својата последна трка во професионалната мото-кариерата. На трката во Валенсија Роси заврши како десетти.

Низ годините Роси стана синоним за мотоциклизмот и го крена овој спорт на едно повисоко ниво. Во карерата освои девет шампионски титули, седум во кралската класа. Вкупно оствари 115 победи и 235 пласмани на подиумите.