Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Продолжуваме да се менуваме е првата политичка сила. Ќе се има 121 пратеник. Бугарија ќе биде управувана од коалиција. Бугарија тргнува по нов пат“ – ова го изјавија лидерите на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков и Асен Василев во изјава за медиумите на плоштадот Александар Невски во изборната ноќ, јави БГНЕС.
Најавуваат дека ќе има дијалог со Демократска Бугарија, а ќе разговараат со сите пратенички групи без ГЕРБ и ДПС, рече Петков, а Асен Василев додаде дека е добро Слави Трифонов да ги брани своите позиции. Се преговара за коалиција, не очекуваме да биде лесно, додаде Василев.
-Сфаќаме дека на Бугарија и треба редовна влада. Ова може да се случи само со дијалог и компромиси – нефункционално судство и корупција се единствените компромиси што нема да ги правиме, рече Петков.
Асен Василев беше категоричен дека „Продолжуваме со промената“ не размислува за варијанта за нови избори.
-Бугарските гласачи си ја завршија работата, сега ние треба да си ја завршиме нашата, рече тој.
Според излезната анкета на агенцијата Галуп, таа центристичка партија освоила 25,8 отсто од гласовите, многу повеќе од очекуваното, а на второ место е коалицијата на до неодамна владејачката конзервативна партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која има околу два отсто помалку.
Според излезната анкета, во парламентот влегуваат уште пет листи со 240 пратенички места.
Меѓу нив се коалицијата околу Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова, која има 14,4 отсто од гласовите, партијата на турското малцинство со 10,2 отсто и антиелитистичката, популистичка партија „Има таков народ“ со 8,1 отсто. Партијата на ТВ водителот Слави Трифонов забележа многу полош резултат од изборите во јули, исто така вонреден, кога го зазеде првото место.
Во пресрет на гласањето, аналитичарите оценија дека многу гласачи на партијата „Има таков народ“ од јулските избори во меѓувреме се свртеа кон партијата Продолжуваме со промената.
Во парламентот влегуваат и либералната коалиција Демократска Бугарија со 7 отсто и националистичката партија Препород која има 4,3 отсто.