Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездата на Барселона Серхио Агуеро најверојатно ќе мора да стави крај на кариерата поради проблемите со срцето.
Лекарите утврдиле дека неговите проблеми се посериозни и веќе го известиле дека постои реална опасност да не може да се врати на терените, пренесуваат каталонските медиуми.
На 33-годишниот Агуеро му беше дијагностицирана аритмија и беше објавено дека во следните три месеци тој сигурно нема да игра, а во зависност од темпото на неговото лекување ќе биде одлучено колку долго ќе трае неговото закрепнување.
Засега нема никаков коментар од управата на Барселона која ги чека резултатите од сите тестови.