Легендата на англискиот фудбал се врати во Премиер Лигата – Џерард застанува на кормилот од Астон Вила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Стивен Џерард и официјално е нов тренер на Астон Вила.

Џерард последните три години со успех го водеше Глазгов Ренџерс, а сега на голема врата се враќа во Премиер лигата.

Џерард ја започна својата менаџерска кариера во 2017 година во младинските категории на Ливерпул, каде што ја помина целата своја кариера како фудбалер.

„Астон Вила е клуб со богата историја и традиција во англискиот фудбал и горд сум што станав нивни тренер. Клубот има амбициозен план и сакам да им помогнам во остварување на целите“, изјави Џерард.