Трагедија во Нигер: Најмалку 18 мртви при уривање на рудник за злато


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 18 лица загинале, а седуммина се повредени откако се урна рудник за злато во Нигер, во регионот Маради.

Стотици луѓе од селото Дан Иса почнале да се собираат во селото во близина на границата со соседна Нигерија, гледајќи во шок на рудникот кој се урнал викендов, пренесе АП.

Многу жители на регионот се рудари. Локалните власти соопштиле дека илјадници луѓе дошле во рудникот во обид да најдат работа, повеќето од селото Дан Иса.