Вторничка временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, вторник, 9. ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид, Битола и Берово 18, Крива Паланка 17, Кавадарци 19, Дојран 22.

Утре времето ќе биде претежно облачно и свежо со умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 11 до 15 степени.