Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данела Арсовска денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, а тој ја пречека Арсовска во нејзиниот нов кабинет со букет цвеќе.
-Изборот е на госпоѓа Арсовска во однос на тоа кои од проектите ќе продолжи да ги работи. Сепак тоа што е завршено како проектна документација ќе биде завршено од страна на г-ѓа Арсовска, рече поранешниот градоначалник на Град Скопје .
Тој нагласи дека во администрацијата се вработени квалитетни луѓе кои на новата градоначалничка ќе ѝ помогнат во извршување на работите.
Арсовска денеска на првиот работен ден како градоначалничка на Скопје нема да дава изјави, во среда ќе има брифинг со новинарите.