Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси во текот на летото ја напушти Барселона, случување кое коренито ги потресе обожавателите на каталонскиот фудбалски гигант, но и пошироката фудбалска јавност. Нормално е да не бил близок со сите играчи, но изненадува тоа што како што потврди самиот останал во контакт со само тројца фудбалери.
Меси доби прашање од новинарите со кои играчи останал во контакт, а тој ги даде имињата на Серхио Бускетес, Жорди Алба и Кун Агуеро. Тоа и не е некое изненадување затоа што Меси со Алба и Бускетс долго време ја делеше соблекувалната, додека со Агуеро се кумови.
Најголемо изненадување е што Меси го изостави Жерар Пике со кој заедно во Барселона беше повеќе од една деценија и испишуваа историја во каталонскиот клуб. Медиумите претпоставуваат дека дошло до тензии кога тој ја напуштал Барселона, а се поврзува и со неговата изјава дадена неодамна.
„Од оние кои очекував дека ќе ме поддржат, ме поддржаа. И за нив се беше изненадување, но застанаа на моја страна“, изјави Меси неодамна.