Кошаркарската легенда Шекил О’Нил до своите деца: „Не сме ние богати, туку ЈАС сум богат“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кошаркарската легенда и икона на НБА, Шекил О’Нил, изјави дека не сака да го дели богатството со своите деца, туку бара од нив да работат напорно за стекнат сопствени пари и статус.

Богатството на кошаркарот се проценува на 400 милиони долари, а тој истакнува дека редовно им дава малку пари на своите деца, но и таа линија ќе биде повлечена, пренесуваат американските медиуми.

„Моите деца растат и тие се вознемирени што не сакам да делам пари со нив. Тие не разбираат зошто е тоа така. Но, јас редовно им објаснувам: Не сме богати, јас сум богат. Мора да завршат факултет, да започнат сопствен бизнис, а потоа нема потреба да им давам пари“, истакна О’Нил.