Home Актуелно Технолошкиот гигант Фејсбук ќе го смени името во Мета – социјалната мрежа си останува Фејсбук

Технолошкиот гигант Фејсбук ќе го смени името во Мета – социјалната мрежа си останува Фејсбук

Името Фејсбук веќе не може да ја одрази целата палета на понуди на концернот, изјави Марк Закерберг, затоа во иднина ќе се користи името Мета. Со новото име Закерберг сака фокусот да го стави на новиот виртуелен свет „Метаверзум“, во кој ја гледа иднината на дигиталната комуникација и на својата фирма.

Истовремено намерата е претпријатето да го извади од сенката на првичната и досега најважна платформа, Фејсбук. Во Мета освен Фејсбук припаѓаат и Инстаграм и Ватсап, сите тие ги задржуваат своите имиња.

Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Фејсбук и да се оддалечи компанијата од големиот број скандали во последно време.

Посебно голема прашина кренаа изјавите на поранешната соработничка на Фејсбук, Френсис Хоген, која својот поранешен работодавач го обвини дека во преден план ги става своите финансиски интереси, а не безбедноста на корисниците, што Фејсбук енергично го демантираше.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…