Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актуелниот македонски премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување на ТВ Сител повтори дека доколку кандидатот на СДСМ во Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов ја загуби битката против опозициската кандидатка Данела Арсовска, тој „не може да ја води Владата“, затоа што, според него, локалната власт во тој случај ќе прави опструкции на политиките на централно ниво.
Но, Заев појасни дека тоа автоматски не значи дека ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
– Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум се борел против режим, внатре сум се борел, сум носел храбри одлуки. Но треба поддршката од граѓаните. Не може да имате општини кои го шират национализмот, конзерватизмот. Да има политики кои ќе ве скараат со соседите. Јас реков отворено, јас или Влада преводена од мене, не може понатаму така да води. Парламентарното мнозинство е стабилно, верувам дека ќе имаме и некој плус. Не можете да бидете локомотива, да бидете лидер во таква ситуација. Пораката е кон граѓаните, да излезат, да дадат свој правец, рече Заев.
На прашањето дали ова значи дека тој ќе поднесе оставка, а некој друг од СДСМ ќе ја преземе премиерската функција, Заев одговори:
– Секако, Влада предводена од СДСМ, со партнерите, плус зајакнато мнозинство, останува Влада предводена од СДСМ.
Тој ги повтори и пораките дека значаен дел од населението им покажало „жолт картон“ и дека пораката е сфатена.
– Не сме победени од ВМРО-ДПМНЕ. Слободоумните граѓани велат дека ќе излезат да гласаат во вториот круг, изјави Заев.