Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, во своето сведоштво пред судечкиот совет, обвинетиот Бојан Јовановски тврдеше дека премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.
– Тенденцијата доаѓа од основани за мене, аргументирани познати факти кои се наоѓаат во мојот мобилен телефон, а се поврзани со претседателот на Кривичниот суд. И во ова мое барање искажувам целосна недоверба кон целиот правосуден систем, се надевам дека повисокиот суд нема паушално да го одбие моето барање како што го одби за изземање на овој судечки совет – изјавил Јовановски пред судот, пренесува ПлусИнфо.
Откако Бојан влегол во расправија со судијката Софче Гаврилова, која му кажала дека нема потреба да кажува што има во неговиот телефон, а неговото барањето ќе биде доставено, Јовановски бил избркан од судницата.
Откако тргнал да ја напушта судската сала, Јовановски ѝ се обратил на Гаврилова, говорејќи дека во судот нема ниту ред ниту достоинство.