Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од два гола негатива и резултат 0:2 со кој губеше во првото полувреме, Манчестер јунајтед се врати во живот и со голем пресврт ја совлада Аталантна со 3-2. Победничкиот погодок беше дело на Кристијано Роналдо.
Манчестер јунајтед одигра второ полувреме кое ќе му донесе привремен мир на Оле Гунар Солшер. Но почетокот на мечот не изгледаше така.
Аталанта поведе со гол на Пашалиќ во 15. минута, а Демирал во 29. минута реализираше со глава за водство од 2-0 на Олд Трафорд.
Манчестер јунајтед изгледаше изгубен по првото полувреме, но во второто како да излезе друг тим, притиснаа веднаш и резултатот почна да се поправа.
Најпрво Рашфорд погоди во 53. минута и го врати Манчестер јунајтед во игра.
Во 75. минута Мегваер се најде осамен во шеснаесетникот и реализираше за израмнување на 2-2.
А шест минути подоцна по центаршут од Лук Шо, Кристијано Роналдо само се поклони, ја удри топката со глава и погоди за комплетен пресврт и победа од 3-2.
Во оваа група Виљареал со 4-1 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс. Морено даде два гола, по еден реализираа Пино и Чукавезе. Елиа погоди за швајцарскиот тим.