Сончев и генерално топол четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Утрото од денешниот ден, четврток, 21. октомври, во одделни котлини и речни долини носи појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степена.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. В сабота ќе има повремен дожд, претежно во западните делови, а в недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер.

Дневната температура од недела ќе биде пониска.