Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинескиот парламент ќе расправа за воведување закон за семејно воспитување кој ќе предвидува казнување родители доколку нивните деца се однесуваат „многу лошо“ или извршат криминални дела.
Предлог-законот за унапредување на семејното воспитување предвидува дека ако обвинителството најде форми на многу лошо или криминално однесување кај детето, неговите старатели ќе добијат опомена и обврска да поминат низ програми за семејно воспитување.
Предлог -законот за унапредување на семејното образование, за кој ќе се расправа оваа недела, исто така ги повикува родителите да го организираат времето на своите деца за да можат да се одморат, да си играат и да вежбаат.
Во последните месеци, Министерството за образование воведе ограничувања за времето кога децата играат игри на интернет, дозволувајќи им да го сторат тоа само еден час во петок, сабота и недела.
Министерството, исто така, ги намали домашните задачи и забрани воннаставни активности по главните предмети за време на викендите и празниците, поради тоа што обемот на работа во средните училишта ги исцрпува децата.