Погледнете како се произведува култниот Порше 911 (документарен филм)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Порше 911 е дефинитивно важи за еден од најпознатите и најпосакувани спортски автомобили во светот.

Овој скап и екслузивен спортски автомобил е присутен на пазарот во последните 60 години, а осмата генерација (со фабричка ознака 992) излегува од фабриката во предградието Штутгарт, Цуфенхаузен, од 2018 година.

Мегапосакуваното и атрактивно Порше 911 се произведува во три каросериски верзии – „Coupe“, „Cabriolet“ и „Targa“, кои се нудат со девет варијанти на погон („Carrera, Carrera 4, Carrera S, Carrera 4S, Carrera GTS, Carrera 4 GTS, GT3, Turbo и Turbo S“).

Во видеото погледнете го начинот и текот на произвоство на сите модели на Порше.

Од „најслабиот“ 911 „Carrera“, со 3 литри и 385 „коњски сили“, до најмоќниот 911 „Turbo S“, кој е придвижуван од 3,8 твин-турбо мотор со 650 коњски сили, вака е направен легендарниот „Porsche 911“.