Ново поскапување на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со најновата ценовна корекција од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од ноќеска на полноќ на сила стапува зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 %, односно од 2 до 2,5 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар/килограм и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 75,50 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава по 77,50 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 67,50 денари/литар, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 67,00 денари/литар, а Мазут М-1 НС ќе чини 42,761 денари/килограм.