Австриската полиција почна да апси осомничени за аферата заради која канцеларот Курц си поднесе оставка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полициските служби во Австрија денеска ја уапсија истражувачката на јавното мислење Забина Бајнсхаб под сомневање дека фалсификувала истражувања во корист на партијата ОВП на доскорешниот премиер Себастијан Курц.

Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека Бејншаб е уапсена како клучна личност во аферата околу Курц, во врска со лажните анкети на јавното мислење.

Во тие истражувања Курц секогаш бил прикажуван особено позитивно, додека неговиот противкандидат во борбата за шеф на партијата, Рајнхолд Митерлајнер, бил прикажува негативно.

Некогашната помошничка на ексминистерката Софи Карманис е обвинета за фалсификување истражувања што потоа биле објавувани за пари во бесплатен весник.

Истражните органи се одлучија за рано апсење поради опасност од прикривање на доказите бидејќи Бејнсхаб, непосредно пред претресот во нејзиниот стан, го избришала хард-дискот од својот компјутер.

Апсењето се случи на денот кога првите истражувања, по оставката на Курц, покажаа драматичен пад на ОВП.