Во Норвешка откриен најстариот пар скии кои датираат од пред 1.300 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тим норвешки археолози ја открија одамна изгубената скија што се користела пред повеќе од 1.300 години.

Првата скија од изгубениот пар беше откриена во 2014 година, а седум години подоцна, ледениот дел од планината Диегерварден се стопи доволно за да ја открие втората, што заедно ги прави најстариот пар скии некогаш пронајдени, пренесува „Daily Mail“.

Тимот археолози, исто така членови на програмата „Secrets of the Ice“ (Тајните на мразот), пешачеа три часа по планината до местото каде што беше откриена првата скија. Користејќи ГПС позиција и фотографии направени за време на првата посета пред седум години, истражувачите ја лоцираа втората скија под мразот. Со секира ја одделија од мразот и го стопија со врела вода.

Дигерварден се наоѓа во Националниот парк Рајнахајмен во Норвешка, популарен археолошки локалитет каде што претходно беа откриени неколку артефакти користени пред илјадници години. Меѓутоа, причината зошто овие заборавени објекти се појавуваат на површината се климатските промени и повисоките температури што доведуваат до топење на некогаш цврстите ледени плочи.

Новооткриената скија е 187 сантиметри долга и 17 сантиметри широка, исто така 17 сантиметри подолга и 2 сантиметри поширока од првата скија пронајдена во 2014 година. Археологот Ларс Холгер Пило, кој беше сведок на пронаоѓањето на скијата, на својот блог напиша дека „новата скија е многу подобро зачувана од претходната, што може да биде последица на подлабокиот мраз“.

„Тоа објаснува некои разлики во димензиите помеѓу двете скии“, рече Пило.

Долга дрвена штица содржи три извртени врски, кожна лента и дрвен приклучок низ дупка во потпората. Скијата пронајдена во 2014 година имаше само една извртена врска и кожна лента низ дупката, но и двете скии имаат дупка на врвот. Постојат мали разлики помеѓу пронајдените скии, а една е дека задниот дел на новата скија е малку искривена, додека на таа пронајдена во 2014 година е рамен. Интересно е што новата скија покажува знаци на поправка и недостасува дел од задниот дел што може да е замрзнат некаде во мразот, во близина.

„Дали се скршил кога сопственикот ја загубил при скијањето или додека беше замрзната, не сме сигурни. Можеби ќе се открие подоцна врз основа на внимателно проучување на работ на пукнатината“, сподели Пило во објавата на својот блог.”

„Скиите не се идентични и не треба да се очекува. Тие се рачно изработени, а не масовно произведени. Имаат долга историја на носење и поправка пред скијачот да почне да ги користи“, додаде тој.

Во ноември 2020 година, Пило и неговите колеги пронајдоа многу артефакти на падината на планината во Јотонхајмен, Норвешка. Потоа пронашле речиси 70 стрели, чевли, текстил и коски на ирваси.