Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека речиси цел свет поставува прашања и изразува револт за необјаснетиот „пад“ и неколкучасовно нефункционирање на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и ВацАп, а „свиркачот“ Френсис Хоген, поранешна менаџерка на Фејсбук, сведочи пред американскиот Конгрес за тоа како оваа социјална мрежа го дава приоритетот на профитот пред јавното добро, основачот на оваа социјална мрежа Марк Закерберг објави видео на кое се гледа како безгрижно плови со едрилица со својата сопруга Присила Чан и со пријателите.
На сослушувањето, повеќето од сенаторите јасно кажаа дека немаат симпатии кон основачот на Фејсбук. Сенаторот Ед Марки ѝ се заблагодари на Френсис за храброста, нарекувајќи ја американска хероина на 21 век, пишува CNBC.
– Еве ја мојата порака за Марк Закерберг. Вашето време за нарушување на нашата приватност, промовирање токсични содржини и ограбување деца и тинејџери заврши. Нема да дозволиме вашата компанија да прави повеќе штета на нашите деца, нашите семејства и нашата демократија – рече тој.
Малата авантура на брод која Закерберг ја имал во неделата ја прокоментира и сенаторот Блументал.
– Марк Закеберг треба да се погледне во огледало, но наместо да преземе одговорност и да покаже дека е свесен за одговорноста што ја има, тој плови со својата сопруга – рече сенаторот Ричард Блументал.
Френсис Хоген пред Конгресот истакна дека системите за вештачка интелигенција на Фејсбук можат да доловат само мал дел од една навредлива содржина.
– Во најдобар случај, со говор на омраза, тие доловуваат 10 до 20 отсто од таквата содржина. Во случај на деца, тоа значи дека тие ќе добијат, на пример, реклами за додатоци за лекови. „Ако се потпираат на компјутери, а не на луѓе, веројатно никогаш нема да фатат повеќе од 10 до 20 отсто од тие реклами – објаснува Хоген.