Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Министерот за здравство Венко Филипче, онака, во дипломатски елемент и стил, признава дека политичарите треба да бидат повнимателни и рече дека ќе побара од политичките партии сите да носат маска и на отворено за време на партиските предизборни митинзи.
Премиерот Зоран Заев вината за непочитување на растојанието и другите правила им ја префрли на непредвидените симпатизери кои им се придружуваат на партиските собири.
На собирите кои се организирани од партиите пред локалните избори, повеќето граѓани но и самите организатори не носат маска и не држат растојание. Протоколите за заштита од Ковид 19 предвидуваат дека доколку се одржуваат масовни собири и не може да се почитува одржувањето дистанца, граѓаните треба да носат маска.