Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската јавност вчера беше изненадена кога беше објавено најголемото истекување на доверливи информации во историјата наречено „Пандора документи“.
Документите што протекоа во јавноста предизвикаа голем хаос бидејќи го откриваат богатството на околу 35 светски лидери, но и повеќе од 300 службеници од целиот свет, вклучително и неколку луѓе од светот на спортот.
Тренерот на Манчестер сити се најде во документите поради тајна сметка во Андора. Шпанските медиуми објавија дека Гвардиола така избегнувал плаќање на данок, а сметката ја отворил уште додека бил фудбалер на Барселона.
Гвардиола има 500.000 евра на таа сметка, за што платил само 10% данок. Овие пари Гвардиола ги заработи на крајот од играчката кариера додека го носеше дресот на Ал Ахли.
Гвардиола го сокрил својот идентитет и се претставува како член на фирмата „Репокс Инвестментс“. Оваа банка ја користел Гвардиола и додека бил тренер на Барселона, а сега се објавени сите податоци во јавност.
Шпанскиот тренер не ги пријавил тие пари на даночната служба во Шпанија.