Кинезите се испотепаа за да го купат најновиот модел на iPhone


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Apple го пушти во продажба новиот iPhone, pa илјадници Кинези буквално со трчање се вдадоа во еден трговски центар на североисток од Кина во провинцијата Шанси за што побрзо да дојдат до новиот „гаџет“.

Кинеските медиуми објавиле снимка од илјадници вознемирени Кинези, кои застанале рано наутро и трпеливо чекале да се отворат вратите на трговскиот центар и тие да побрзаат до продавницата за телефони за да купат нов „iPhone 13“.

Илјадници од нив побрзаа со скалите до продавницата и се разбира, со маски.

Според кинеските медиуми, многумина се вратиле следниот ден за повторно да повторат се` и да го купат најновиот iPhone.

Патем, Кина минатата година триумфално објавила дека сиромаштијата е искоренета во нивната земја и дека се` поголем број Кинези припаѓаат на средната и високата класа.