Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 2013 година, 75-годишниот Исао Какехи бил во добра здравствена состојба и заљубен во Чисако Какехи, тогаш 67- годишна, со која се запознал преку агенција за состаноци.
По два месеци парот се венча и живееле заедно, многумина би рекле идиличен живот, во градот Муку, во регионот Кјото. Фаталнаста вечер подготвиле традиционални колачиња со ориз.
За жал, Исао не ја доживеал новата година бидејќи на 28 декември стана четвртата и последна жртва на јапонската Црна вдовица, пишува Си -Ен –Ен.
Денес, 74-годишната жена е осудена за убиство на тројца партнери и обид за убиство на четвртиот. Таа ги започнала убиствата во 2007 година, кога имала 61 година. Била уапсена дури во 2014 година.
Во 2017 година, таа била осудена на смрт по едно од најдолгите судења во историјата на Јапонија. Жалбата против пресудата е одбиена во јуни оваа година.
„Таа користеше агенции за состанување за да стапи во контакт со постарите жртви и, откако ќе ја добие нивната доверба, ќе ги отруеше“, рече судијата во нејзиниот случај.
Таа го склучила својот прв брак во 1969 година, на 23 -годишна возраст, а нејзиниот сопруг починал во 1994 година по болест. Таа била вдовица до 2007 година, кога влегла во врска со 78-годишниот Тошиако Суехир. На 18 декември истата година, на ручекот со неговите деца, таа му дала таблета цијанид.
По само 15 минути, тој колабирал, а кога пристигнала медицинската служба, тој умирал. Лекарите успеале да му го спасат животот, а тој починал година и пол подоцна од последиците од друга болест.
Во 2011 година, таа се запознала со Масанорија Хонда, 71-годишник во добра здравствена состојба. Иако страдал од „поблага форма“ на дијабетес, тој често посетувал рекреативни активности. Тој стапил во контакт со Црната вдовица, а на пријателите им било кажано и дека планираат да се венчаат.
На 9 март 2012 година, Црната вдовица се сретнала со Хонда во продавница. Потоа Хонда ја загубил свеста додека возел мотор истиот ден, а по два часа, лекарите ја констатирале неговата смрт.
Подоцна се докажало дека Чисако започнала романтична врска со друг маж два месеци пред неговата смрт.
Минору Хиоки, 75-годишник кој преживеал рак на белите дробови, планирал да започне нов живот во 2013 година. До август истата година, тој се заљубил во Какеха и во нејзините пораки напишал „дека сака да биде со неа засекогаш“. На 20 септември, таа му дала пилула со цијанид. Бидејќи двојката редовно земала лекови, на убиецот и` било лесно да вбризга цијанид, а Хиоки ја загубил свеста.
Додека пристигнала медицинската служба, неговата состојба се влошила и се гушел и чувствувал болки. Какехи ги излажала лекарите тврдејќи дека боледува од напреден рак на белите дробови и го одбила неговото лекување, а тој починал во рок од два часа.
Уште во ноември 2013 година, таа била во брак со Иса Какехи, а само неколку недели подоцна тој починал од срцева слабост. Како и повеќето жртви, тој починал по вечерата со Црната вдовица, а неговата смрт предизвикала сомневање.
Обдукцијата не е честа постапка во Јапонија, но во овој случај била извршена поради честите смртни случаи на партнерите на Какехи. Наскоро, инспекторите пронашле празни капсули од лекови во нејзиниот стан во кои таа ставала цијанид, како и траги од цијанид.
Два месеци подоцна, таа признала дека ги отрула Хонда, Хиоки и Суехир со таблети соп цијанид. Таа е осомничена дека е одговорна за смртта на четворица други мажи, но истражителите никогаш не нашле цврсти докази.
Не е јасно што точно ја натерало на сите убиства. Нејзината одбрана се пожалила на недоследности во нејзиното сведочење, тврдејќи дека таа страдала од деменција. Одбраната го загубила случајот и таа е осудена на смрт.
Казната ќе биде извршена во рок од шест месеци.