ДЗС: Досега попишани 1,4 милиони лица


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во досегашниот попишувачки процес во Македонија, заклучно до 20 часот вчера, попишани се вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови, објави денеска Државниот завод за статистика.

Денеска е 21-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.