Холандската министерка за надворешни работи си поднесе оставка поради хаотичната евакуација од Авганистан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Каг, поднесе оставка по критиките на пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

„Парламентот смета дека владата дејствувала неодговорно. Единственото што можам е да ги прифатам тие оценки како министерка која ја сноси крајната одговорност“, кажа таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се искажуваат критики на сметка на владата бидејќи не успеала да евакуира дел од Авганистанците и бидејќи однапред не проценила дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

„Во моето сфаќање на демократијата и нашата традиција на владата министерот мора да замине ако неговата политика доживеала осуда. Затоа ќе му поднесам на неговото височество (кралот Вилем Александер) оставка на местото министерка за надворешни работи“, кажа таа.

Каг е на местото вршителка на должноста шефица на дипломатијата од мај. Новата коалициска влада сè уште не е формирана по изборите во март.

Сè уште не е јасно какви политички последици ќе има нејзината оставка врз формирањето на владата.

Претходно и во Британија беше сменет министерот за надворешни работи Доминик Раб, исто така поради лошото управување со авганистанската криза.