Свечени тоалети, вратоврски и анти-ковид сертификати: Отворено 42. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа, на отворено, во дворот на Заводот и музеј Битола, се одржа официјалната церемонија за отворањето на 42. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Дефилето на отворањето помина во знакот на ноќните тоалети, вратоврските, но и проверката на анти-ковид сертификати.

„Четириесет и второто издание на „Браќа Манаки“ покажува дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сè, како што мора и во секој друг сегмент од животот да продолжиме и понатаму со оптимизам и надеж, покрај сите тешкотии и проблеми“, рече претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го прогласи фестивалот за отворен.

Прв во програмата беше филмот „Сестри“, режисерското деби на младата Дина Дума.

Извор и фотографии: Гласот на Америка