Во лондонски магацин откриено вистинско автомобилско богатство (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


London Barn Finds штотуку стави на аукција 174 класици покриени со прашина. Според компанијата, „чудна, но прекрасна колекција е пронајдена во северен Лондон“ што содржи оригинални автомобили кои датираат од 1950 -тите години и потекнуваат од некои од најценетите европски марки.

Епската приватна колекција е претставена во осумминутно видео од Јутјуберот Фреди Аткинс преку каналот TheTFJJ. Меѓу морето на заборавени автомобили, се издвојуваат неколку истакнати убавици, кои со години биле складирани и невидени, вклучувајќи го класичното Porsche 911 Convertible од 1974 година, стариот Land Rover Defender од 90 -тите години, реткиот Trimf Stag, па дури и стариот VW Camper.

London Barn Finds, исто така, составиле детална листа, во која се наведува годината, бојата, моделот, регистарскиот број, километражата, историјата на сервисите и очекуваната продажна цена на секој автомобил. Според листата, највредното откритие во складот е спортскиот автомобил МГА. Првпат претставен во 1955 година, веројатно е најубавиот кој го носел октагонот МГ. Овој модел има поминато 25.000 милји и се проценува на приближно 34.500 долари (25.000 фунти).

Следува синиот Мерцедес-Бенц 350СЛ, кој излезе од производство во 1975 година. Поминал 100.000 милји и е проценет на 24.800 долари (18.000 фунти). Третиот најскап автомобил од овој тип е црниот BMW Серија 6 од 1989 година, кој поминал 107.000 милји. Вреден е околу 22.000 долари (16.000 фунти).

Иако повеќето автомобили имаат мала или никаква историја на сервиси и немаат документи, секој наводно влегол сам во магацинот и теоретски може повторно да се одвезе. Инаку, автомобилите му припаѓаат на непознат бизнисмен, кој од непознати причини со години ги оставил така, заборавени, во складот, а сега сака да ги продаде на аукција.