Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
М37-годишната Фалон Харис од Чикаго е обвинета дека го убила својот 12-годишен син Каден Инграм затоа што, како што вели, ја зел мемориската картичка од нејзиниот автомобил и не ја вратил и ја уверувал мајка си дека не знае каде е картичката.
Полицијата утврдила дека Харис ја извадил картичката од автомобилот во петокот. Во саботата наутро, таа го обвинила момчето дека ја зело мемориската картичка од автомобилот и под закана со пиштол побарала да и` ја врати. Кога момчето и рекло дека не знае каде е картичката, таа го застрелала.
Снимките од надзорната камера во куќата снимиле се`. Каден била свесен и плачел во моментот кога го застрелала, соопштила полицијата. Откако пукала во момчето, Харис се јавила на телефон, а потоа се вратила кај Каден и повторно ја побарала картичката. Момчето рекло дека не знае каде е картичката, па Харис повторно го застрелала. Момчето починало, пишува Чикаго CBS Local..
Харис телефонски им признала на двајца членови на семејството дека го убила нејзиниот син затоа што тој не сакал да и` ја врати картичката. Членовите на семејството потоа повикале полиција и го викнале сопругот на Харис. Мајката признала се` во полиција.
Членовите на семејството и рекле на полицијата дека Харис се однесувала параноично. Имала дозвола за оружје и поседувала два пиштоли. Ако биде осудена, таа се соочува со доживотен затвор. Таткото сеуште е во шок и не може да сфати како мајката можела да го убие својот син поради картичка.