Рускиот претседател Владимир Путин оди во самоизолација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе мора да оди во самоизолација откако случај на зараза со коронавирус е откриен во неговото окружување и поради тоа оваа недела нема да патува во Таџикистан на состанок за регионалната безбедност, објави Кремљ.

„Поради идентификуваниот случај на коронавирус во негово окружување, Владимир Путин мора да го почитува режимот на самоизолација“, соопшти Кремљ.

Во соопштението се додава и дека Путин нема лично да патува на регионалниот самит во Таџикистан, но ќе учествува преку видеоконференција.