Од Брако тврдат дека модуларната болница во Тетово од нивна страна била испорачана по најстроги стандарди според Светска банка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата на монтажните Ковид-центри се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет, вели компанијата „Брако“ која е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери, пренесува Сакам Да Кажам.

„Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика“, стои во соопштението од „Брако“.

Според Министерството за здравство, при пуштањето во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците сл. По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти.

Од „Брако“ велат дека забелешките кои се појавиле при техничкиот прием, биле во најголем дел од естетска природа, и никако не можат да се поврзат со несреќата, како и дека биле уредно беа отстранети во зададениот рок, а пред пуштање на болницата во употреба. Оттаму повикуваат целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од надлежните институции, а тоа претходно го најави и Министерството за здравство.