Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За прв пат по осум години, во интервју за новиот документарец на Нетфликс наречен Шумахер, најавен за 15 септември, неговата сопруга Корина Шумахер зборуваше за неговата состојба.
„Ми недостига Михаел секој ден, но не само мене, туку и на моите деца, семејството, таткото, сите блиски. На сите им недостасува, но тој сè уште е тука. Различен, но тој е тука. Тој се уште ми покажува секој ден колку е силен“, рече таа.
Таа открива дека пред скијачката несреќа на Алпите, по што завршил во кома шест месеци, се жалел на условите и рекол дека и онака требало да заминат на друго место на одмор.
„Непосредно пред да се случи тоа, тој ми рече дека условите на снегот не се оптимални и дека треба да летаме за Дубаи и таму да скокаме со падобран“, рече Корина. Тоа беше една од последните работи што и` ги кажал.
Поминаа осум години од несреќата на Шумахер, а семејството, кое се грижи за него во својот дом во Швајцарија, ретко споделува детали за неговата состојба. Во новиот документарен филм, Корина зборува и за неговите натпреварувачки денови.
„Неговите трки секогаш завршуваа среќно. Верувам дека имаше неколку ангели чувари кои внимаваа на него. Можеби бев наивна или тоа беше некој одбранбен ѕид што го изградив околу себе, но никогаш не ни помислив дека Михаел може да направи нешто.Никогаш не го обвинував Бога бидејќи се случи оваа несреќа. Тоа беше само несреќа, можеше да му се случи на секого “, рекла Корина.
Таа објаснува и дека не сака многу јавно да зборува за неговата состојба бидејќи Михаел секогаш многу се грижел за приватноста. Сепак, таа открива дека семејството живее заедно и дека сите се грижат за него и наизменично му помагаат во терапијата.
„Се трудиме како семејство да продолжиме како и порано. Живееме заедно. Му помагаме во терапијата. Правиме се што можеме за да му направиме подобро и поудобно. Приватното е приватно, тоа е она што тој секогаш го зборува. Важно е тој да продолжи да ужива во приватноста колку што е можно повеќе. Михаел секогаш не` штитеше, а сега ние го заштитуваме”, рекла таа.
Корина и Михаел се венчаа во 1995 година и заедно имаат две деца, Џина (24) и Мик (22), кои го наследија својот татко во Формула 1. Двете нивни деца исто така се појавија во документарецот.
„Мислам дека тато и јас сега се разбираме на нов начин. Ќе имавме многу работи за разговор. Би дал се за тоа да биде возможно”, рекол Мик.