Понудила 600.000 долари за марамчето од Меси – сакала да се слика гола со него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Луана Сандијен е бразилски Плејбој модел која ја заинтригирала јавноста со една своја понуда вредна 600 000 долари за марамчето со кое еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси, си ги бришеше солзите и носот на прошталната прес-конференцијата кога си заминуваше од Барселона.

Пред заминувањето за Париз на потпис на договорот со ПСЖ, Меси одржа прес конференција во Барселона на која се прости од својот сакан клуб. На пресот Меси не можеше да ги сокрие солзите, во еден момент неговата сопруга Антонела за да ги избрише солзите дури му подала и марамче.

Само неколку дена по трогателната прес-конференција на интернет се појавил шокантна акуција на која понудена на продажба е истата марамица со солзите на Меси. На страницата „ Merkado Libre “ објавена е фотографија од марамчето и цена од неверојатни 1 000 000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luana Sandien (@luanasandien)

По оваа објава на сцена стапува убавата Бразилка Луана со понуда за купување на марамчето.

Луана за марамчето понудила неверојатни 600 000 долари. Но и покрај фантастичната понуда не го добила посакуваниот сувенир поврзан со Меси. Плејбој убавицата сакала да го купи марамчето со солзи од Меси за со него да се фотографира гола.

-Понудив 600 000 долари за да го добијам марамчето на Меси, но по мојата понуда огласот исчезна, изјавила разочараната Луана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luana Sandien (@luanasandien)

По оваа информација сигурно разочарани ќе бидат и милиони мажи, бидејќи Луана нема да си ја исполни желбата да се фотографира гола само со марамчето од Меси.

Инаку, 27 годишната Бразилка која живее во Барселона, стана многу популарна во медиумите по сексапилната фотосесија за магазинот Плејбој.