Во тешка сообраќајка на Стража загина едно лице – во судирот учествувал и Зоран Кичеец, после судирот на местото наводно имало лица од АБН


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Едно лице го загубило животот, а уште неколку се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Сообраќајот е во прекин поради увид.

Четири лица, кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево, се пренесени во Скопје

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути.

Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.

Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад ” за укажување на лекарска помош.

Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.

Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки.

Од СВР Тетово посочуваат дека денеска во рамки на акцијата за контрола на брзина на сообраќајот во полошкиот регион, биле изречени 86 мерки.

Четири лица, кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево, се пренесени во Скопје

Гостивар, 4 септември 2021 (МИА) – Четири лица кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта, се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје. Останатите лица се згрижени и им е укажана лекарска грижа.

Во сообраќајната несреќе повредени се вкупно седум лица, а едно лице го загуби животот.

– Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените во ообраќајната несреќа. Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени, изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Меѓу полесно повредените, според болнички извори, е и осудениот во случајот „Рекет” Зоран Милески – Кичеец, кој затворска казна ја издржува во затворот во Струга.

Директорот на затворот во Струга Ваљон Ќуља за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Како што претходно јави МИА, едно лице го загубило животот, а уште седуммина се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 15 часот и 30 минути.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ јавно тврдат дека согласно информациите кои ги поседувале на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршеле притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес.

Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот?

Ова е уште еден доказ почитувани граѓани, за целосната криминализираност на системот на власта.

До кога врвот на власта ќе штити криминалци?, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ