Вчера во Тексас стапи на сила забраната за абортус после шестата недела од бременоста


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера, рано утрото, во Тексас стапи на сила забраната за абортус по шестата недела од бременоста, откако Врховниот суд на САД не одговорил на итното барање на групите за заштита на абортусот да го блокира законот.

Групите кои се залагаат за право на абортус велат дека 85 до 90 проценти од абортусите во Тексас се вршат по шестата недела од бременоста, што значи дека законот најверојатно ќе принуди затворање на голем број клиники.

Ваквата забрана никогаш не била дозволена во ниту една држава, откако Врховниот суд донел одлука во 1973 година ,со која се легализира абортусот низ целата земја.

Американската организација „Планирано родителство“ и други даватели на здравствени услуги и доктори се обиделе да го оспорат законот пред федералниот суд во Остин во јули, тврдејќи дека го прекршува уставното право на абортус.

Законот, потпишан на 19 мај, е невообичаен по тоа што им овозможува на приватните граѓани да ги тужат давателите на услуги за абортус и секој што „помага или поттикнува“ абортус по шестата недела. Граѓаните кои ќе победат во ваквите тужби ќе имаат право на најмалку 10.000 долари.

Судот се уште може да ја стави забраната во мирување, а ниеден суд се уште не одлучил за неговаста уставност, напиша на Твитер Стивен Владек, професор по право во Остин.

„Без разлика што велат некои, ова не е„ крај, напишал Владек.