Хаос на граничниот премин „Богородица“ поради новите мерки кои стапија на сила денес


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новите превентивни мерки и протоколи за влез и излез во и од соседните земји кои стапија на сила денес, 1. септември, направија вистински хаос и метеж на граничниот премин „Богородица“.

Имено за влез и за излез од земјава од денеска се бара сертификат за извршена вакцинација односно примени две дози на вакцина, потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или негативен брз тест за антигени тела не постар од 48 часа.

Оваа нова мерка денеска буквално гу ги прави нервозни граѓаните кои чекаат и до еден час за излез од нашата земја и влез во соседна Србија.