Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претпоследниот августовски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени. Маврово 20, Охрид 26, Битола 29, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 33.
Како што соопшти УХМР, од денеска ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува в среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.
Минимална температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 20 до 34 степени.