Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поп групата ABBA го најави нивното долгоочекувано враќање на сцената преку објава на социјалните медиуми.
Членовите на групата отвориле нови профили на социјалните медиуми наречени ABBA Voyage, повикувајќи ги фановите да го следат нивниот нов проект. Би-Би-Си пишува дека се очекува дигитален концерт најавен од ABBA во 2016 година и дека ќе издадат пет нови песни по 39-годишна пауза.
View this post on Instagram
Бјорн Улваеус од групата претходно оваа година вети дека ABBA сигурно ќе објави нови песни во 2021 година.
„Веќе не е случај дека ова може да се случи. Ќе се случи”, рече тој тогаш за странските медиуми, додавајќи дека се уште има силни врски во бендот и дека ќе звучи “како ABBA што ја сакаме и знаеме”.
Сан пишува дека бендот наводно ќе објави нови песни следниот петок, на 3 септември, ден откако ќе откријат што стои зад нивниот проект ABBA Voyage.
Патем, шведскиот бенд ABBA беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Бјорн, негови членови се Бени Андерсон, Агнета Фелцког и Ани-Фрид Лингштад.