Бајден апелира: Краен рок за повлекување на сите кои сакаат да си заминат од Авганистан е 31. август


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека 31. август останува како крајниот рок за завршување на ризичната евакуација на Американци, загрозени Авганистанци и други кои сакаат да избегаат од Авганистан, контролиран од талибанците. Одлуката им пркоси на сојузничките лидери кои сакаат да дадат повеќе време за евакуација, а Бајден го изложува на критики дека потклекнал на барањата на талибанците за крајниот рок.

„Секој ден додека сме на терен е уште еден ден кога знаеме дека ИСИС-К сака да го нападне аеродромот и да не нападне и нас и сојузничките сили и невините цивили“, рече Бајден во Белата куќа, зборувајќи за авганистанската група на Исламска држава, која е позната по организирање самоубиствени напади врз цивили.

Тој рече дека Талибанците соработуваат и дека безбедноста се одржува и покрај голем број насилни инциденти, но дека ризикот е преголем.

Во Кабул, талибанците изјавија дека САД мора да се држат до рокот кој сами го одредија и дека после тоа тие нема да дозволат Авганистанци да заминат од земјата на летовите за евакуација. Талибанците исто така рекоа дека ќе забранат пристап до аеродромот во Кабул за Авганистанците, но дека ќе им дозволат на странците да поминуваат за да се спречат масовни групирања.

Меѓународните хуманитарни агенции предупредуваат дека претстои огромна хуманитарна криза за цивилното население.