Скопје, Тетово и Гостивар се три најголеми градски жаришта на Ковид-19 во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бројот на заразени со ковид 19 во Македонија се зголемува од ден во ден, а веќе неколку дена по ред со најмногу новозаразени регистрирани случаи се Скопје (3 693), Тетово (1 855) и Гостивар (1 513).Според податоците од надлежните во земјава нема ниту еден град без заразени од ковид-19.

Во моментов најмалку активни случаи има во Дојран, односно само двајца пациенти, во Демир Капија активни ковид-случаи се три, а во Македонска Каменица петмина.

„Разговаравме со колегите за дел од мерките. Заклучокот е дека засега нема потреба од карантин во Тетово и Гостивар. Сепак, тоа е една голема рестрикција и се става акцент на вакцинацијата, како процес кој што треба да го зголеми колективниот имунитет“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче .

Според проблемот во градовите е што е најмал одзивот за вакцинација.

Тој посочи дека на секој пациент му се пружа максимална грижа, но посочи дека и многу пациенти доаѓаат касно, каков што бил примерот од изминатите неколку денови кога имало случаи со 40-50 проценти сатурација на крвта.

Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106