Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако го зазедоа Кабул и воспоставија власт, Талибанците за прв пат се обратија до јавноста и ја одржаа првата прес конференција.
Taliban members putting their flag before first press conference for #Taliban spokesperson in #Kabul #Afghanistan pic.twitter.com/5SvCPCOtZr
— Lutfi Abu Aun (@lutfiabuaun) August 17, 2021
-Нашиот план беше да застанеме пред главниот град, откако ќе ги окупираме сите други провинции, но за жал претходната влада беше толку неспособна што нивните сили не можеа да обезбедат безбедност во Кабул и поради тоа моравме да направиме нешто. Тие сакаа да влегуваат во куќи, да малтретираат луѓе и да крадат, па затоа влеговме во Кабул за да се осигураме дека Кабул е безбеден, изјави портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид на прес -конференцијатa.
.@Zabehulah_M33 #Taliban spokesperson arrived to give his first press conference in #Kabul #Afghanistan pic.twitter.com/ZxArV1ohRB
— Lutfi Abu Aun (@lutfiabuaun) August 17, 2021
Тој посочи дека по 20 години окупација, Талибанците конечно успеале да ги протераат странците од нивната земја.
-По 20 години борба, ја еманципиравме земјата и ги протеравме странците. Ова е момент на гордост за целата земја – рече Муџахид, кој за прв пат се појави пред камера.
Local media and some foreign media at first press conference for #Taliban spokesman #Kabul #Afghanistan pic.twitter.com/bsxZRXXRRw
— Lutfi Abu Aun (@lutfiabuaun) August 17, 2021
Муџахид посочи дека Талибанците им ги гарантираат сите права на жените според шеријатскиот закон.
-Жените можат да работат во образованието и здравството. Ако меѓународната заедница е загрижена, таа треба да знае дека нашите жени ќе ги имаат сите права според шеријатот. Нашите жени се муслиманки и тие мора да го почитуваат шеријатскиот закон – рече тој.
Муџахид, исто така, истакна дека Талибанците им простиле на сите што се бореле против нив.
-Не сакаме повеќе војна во Авганистан. Им простивме на сите што се бореа против нас. Непријателствата мора да престанат, рече тој.