Благодарение на овој верен играч Барселона успеа да ги регистрира новите играчи пред почетокот на сезоната


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона потврди дека ги регистрираше новите играчи, Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај.

Во официјално соопштение Барселона и јавно му се заблагодари на Пике затоа што тој бил најзаслужениот што ова било можено. Имено, заменик-капитенот на Барселона се согласил на значително намалување на платата за Барселона да може да ги регистрира новите засилувања.

Тренерот Роналд Куман затоа ќе може да смета на нива за натпреварот против Реал Сосиедад во првото коло од Ла Лига.

Клубот потврди и дека преговара со Серхио Бускетс и Жорди Алба, двајцата фудбалери се спремни да прифатат значително помала плата за клубот да работи нормално.

Натпреварот со Сосиедад Барселона го игра утре од 20:00 часот.