Демонстранти антиваксери се обидоа насилно да влезат во лондонското седиште на BBC


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Група демонстранти антиваксери се обидоа насилно да влезат во телевизискиот центар на Би-би-си во западен Лондон. Тие се гневни поради планот на британската влада да воведе ковид-пасоши и да одобри вакцинирање на децата против коронавирусот.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, демонстрантите се обидоа да влезат во зградата и покрај бројните полициски сили, јавува Индипендент.

Голем број демонстранти се собраа и во еден од лондонските паркови. По некое време, демонстрантите го напуштија паркот во придружба на голем број полицајци.

На снимката може да се слушне како некој од толпата вика: „Можеби ќе одиме до Би-би-си“.

Толпата стигна до Би-би-си, каде ја дочекаа полицајци. Демонстрантите се обидоа насилно да влезат во зграда, но полицијата успеа да ги спречи.

Портпаролот на лондонската полиција кажа дека засега никој не е уапсен, но дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата.