Home Спорт Американската пливачка штафета постави нов светски рекорд на 4х100 метри мешано во Токио

Американската пливачка штафета постави нов светски рекорд на 4х100 метри мешано во Токио

Штафетата на САД на 4х100 метри мешано постави нов светски рекорд и го освои златото на ОИ во Токио.

Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл од САД патеката ја поминаа со вкупно време 3 минути 26 секунди и 78 стотинки.

Среброто го освоија Британците, а бронзата им припадна на италијанската штафета.

Главната ѕвезда Кејлеб Дресел го освои 5-от златен медал во Токио и ќе биде најтрофејниот пливач на ОИ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…