Собранискиот претседател Џафери на 6. август ќе ги распише локалните избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на македонското собрание, Талат Џафери, на 6. август ќе ги распише локалните избори во Македонија.

Ова тој го кажа на брифингот со новинарите откако претходно беше познато дека партиите се договорија и ги усогласија ставовите изборите да се одржат на 17. октомври.

Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години, кажа Џафери.