Со 95 гласа „За“ Собранието ја усвои резолуцијата за „црвените линии“ поднесена од ВМРО-ДПМНЕ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Собранието на денешната седница ја усвои Резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции, поточно за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија. Истата беше изгласана со 95 гласови „За“ и еден воздржан.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски прв објави на социјалните мрежи.

– Во Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена декларација за македонските црвени линии кон Бугарија! Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува – напиша Николовски.