Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За време на летните жештини, сите кои користат автомобил задолжително се ладат при возењето со автомбилскиот клима уред. Но не треба да се претерува. Екстремни промени во температурата секако не се добри.
Доколку надвор е 30 степени, не е препорачливо клима уредот да не намести, на пример, на 17 степени. Тоа не е ниту здраво ниту добро, особено кога по долго возење ќе излезето од возилото и ќе бидете изложени на тропските услови кои се надвор.
Германскиот авто-клуб „ADAC“ препорачува температури помеѓу 22 и 25 степени. Така возачот може да остане фокусиран при возењето.
Не е препорачливо воздухот да се насочува дирекно во главата или торзото, туку кон ветробранското стакло.
Потрошувачката на гориво со вклучен клима уред може да порасне и до еден литар на 100 километри. Но тоа не е причина за да се штеди.
Дури и кога во автомобилот е 27 степени, зад управувачот станува стресно. Се зголемува телесната температура и пулсот.
Тоа ја намалува способноста за концентрација и брзината на реакција.
Доколку температурата порасне од 25 на 35 степени, ризикот од несреќа се зголемува за 20 отсто. Ризикот е ист како да возите со 0,5 промили алкохол во крвта, пишува Б92.