Милак на 200 метри пеперутка го сруши олимпискиот рекорд на Фелпс, Британците се нови олимписки шампиони во 4х200 метри слободно


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Штафетата на Британија 4×200 метри во состав на Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот стигна до златниот медал на олимпискиот пливачки турнир.

Тие штафетата ја испливаа со време 6:58:58 што е нов европски рекорд и втор најдобар резултат на сите времиња. Среброто во оваа категорија го освои Русија, а до бронза стигнаа Италијанците.

На 200 метри пепертука во слободен стил победи Криштоф Милак од Унгарија, тој успеа да го урне и олимпискиот рекорд на Мајкл Фелпс. Неговото време беше 1:51.25 што е за 78 стотинки подобро од времето кое го исплива Фелпс во Пекинг во 2008 година.