Момент за историја: Георгиевски обезбеди медал во Токио – ќе се бори за олимписко злато


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дејан Георгиевски во полуфиналето на Олимписките игри во Токио се бореше против Кореецот, Кин Дон Ин.

Во првата рунда Георгиевски покажа добра одбрана и како и против Гбане стартуваше претпазливо. Во таква ситуација Ин успеа да освои еден поен и првата рунда ја заврши со водство од 1:0.

Првиот поен го освои како казна за противник, а веднаш потоа следуваше и серија од неколку удари за да поведе со 5:1. До крајот рундата Кореецот освои два поени, па во последната Георгиевски влезе со водство од 5:3.

Завршната рунда Георгиевски одлично ја започна и на 40 секунди до крајот имаше предност од 10:4. Веќе тогаш можеше да се насети дека Георгиевски ќе обезбеди сигурен медал. До крајот успеа и да зголеми на 12:4, следуваа неколку изгубени поени, но најважно е што Георгиевски обезбеди финале!

Сега Македонија има сигурно сребро, а за златото во 14:45 часот Георгиевски ќе се бори против веројатно најдобриот во светот во овој момент во оваа категорија Владислав Ларин.