Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот математички талент од Штип, Дамјан Давков, освои уште еден медал – сребро на Светската математичка олимпијада ИМО 2021 и со тоа стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот.
Веста на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.
„По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи“, напиша во постот Давкова.
Таа се заблагодаровува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.
Младиот штипјанец со само 13 години има освоено повеќе меѓународни награди.На Јуниорската балканска математичка олимпијада – ЈБМО освои сребро, додека бронзен медал освои на Балканската математичка олимпијада. Давков е и државен првак.